Тамара снимаше спот за новата песна

Објавил: admin@magazin | 17 јули, 2018 8:33

Ќе „потонеше“ бродот на Тамара

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Тамара Тодевска наскоро ќе се врати на музичката сцена, претставувајќи ја новата песна „Довидување таго“, посветена на ќеркичката Хана која наскоро ќе си добие братче.

Пејачката во периодов работи и на снимање спот за новиот сингл за што Тамара го сподели искуството од самиот крај на снимањето, кога освен што чамецот не сакал да им запали, ситуацијата дополнително ја отежнале силни ветришта.

„Момент на убаво чувство. Ми се познава нели? Ова е крај на снимањето. Тука сум премрзната како коцка лед. Дуваше толку силен ветер, да ми дуваше уште три дена во главата. Покрај тоа, ни чамецот не ни палеше да се вратиме од местото каде снимавме, до нашите сместувалишта, но задоволството направи од тоа ништо да не е важно“, напиша таа споделувајќи ја оваа фотографија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Видео

Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.

ОВА Е КРАЈОТ НА “ТИТАНИК” ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ВИДОВМЕ(видео)

Филмот „Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, бил озлогласен како...