Безбедносниот рејтинг со 7 ѕвездички, како во случајот со Визер, се доделува на авиокомпаниите кои ги исполнуваат сите критериуми за оценување

Објавил: Данаил Михајловски | 3 октомври, 2018 15:20

Визер прогласена за најбезбедна авиокомпанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Визер, водечката компанија за нискобуџетни услуги во Централна и Источна Европа, доби највисока оценка за безбедност од 7 ѕвезди од единствената компанија за рангирање на безбедност и услуги во воздухопловството Ерлајн рејтингс (AirlineRatings.com).

Безбедносниот рејтинг за секоја авиокомпанија се заснова на сеопфатна анализа користејќи информации од светското воздухопловно раководно тело и водечко здружение, заедно со владите и историските податоци.

Критериумите за евалуација се фокусираат на важни елементи како што се сертификацијата IOSA, одобрување на FAA, состојба и старост на флотата, историја на несреќи, безбедносен рејтинг на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) на земјата на потекло и други параметри.

Безбедносниот рејтинг со 7 ѕвездички, како во случајот со Визер, се доделува на авиокомпаниите кои ги исполнуваат сите критериуми за оценување.

Флотата на Визер има 104 авиони на Ербас А320 и А321, со просечна старост од 4,5 години.

Дидерик Пен, извршен потпретседател и главен оперативен директор на Визер (Wizz Air) изјави: „Безбедноста отсекогаш беше наш врвен приоритет и токму поради тоа сме среќни што добивме признание за најбезбедна авиокомпанија од страна на AirlineRatings.com. Ова признание е потврда за нас дека ние ги поставивме вистинските приоритети и ја зацврстуваме нашата определба да продолжиме да летаме најбезбедно преку нашата широка мрежа од повеќе од 600 правци до 142 дестинации во 44 земји”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...