Ремените беа завиткани околу опашката на авионот и влегоа во моторите, па „Ербас А320“ на колумбиската компанија мораше присилно да слета.

Објавил: Перо Милчин | 2 јануари, 2021 16:08

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Авион се судри со балон полн со пиротехника, принудно слета во Колумбија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Авион на колумбиската компанија „Авианса“ на лет од Орландо – Флорида, за малку ќе се срушеше над Богота поради судир со „пиротехнички балон“.

Засега не е познато дали балонот, кој служи за подигнување огномет во воздухот, бил „наполнет“ со експлозивни направи, но за време на судирот, авионот „се заплеткал“ во долги пластични ленти кои се дел од огнометот, пренесува Спутник.

Траките беа завиткани околу опашката на авионот и влегоа во моторите, па „Ербас А320“ на колумбиската компанија мораше присилно да слета.

Екипажот успешно го приземјил авионот, за кој не е наведено дали е оштетен.

Непосредно пред инцидентот, колумбиските воздухопловни власти предупредија на опасност од огномет и балони во близина на аеродромот и апелираа да не бидат пуштени и пукани во воздух.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...