Пивото е одличен извор на витаминот Б и ја разубавува кожата, комплекс од рибофлавин, тиамин, ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин, фолна киселина, биотин и кобаламин, кои се задолжени за убава и затегната кожа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 август, 2018 23:27

»Лејдис« , шест причини поради кои треба да пиете пиво!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ова се причините поради кои не е толку лошо да се напиете чаша пиво по напорниот работен ден. Едно истражување  во Германија докажало дека жените кои пијат едно пиво дневно имаат 42 отсто помали шанси да добијат некое кардиоваскуларно заболување, за разлика од оние кои воопшто не пиеле алкохолни пијалоци.

Ја разубавува кожата
Пивото е одличен извор на витаминот Б, комплекс од рибофлавин, тиамин, ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин, фолна киселина, биотин и кобаламин, кои се задолжени за убава и затегната кожа. Покрај тоа, витаминот Б помага во одржувањето на мускулите, односно му дава енергија на целото тело.

Постои дури и урбана легенда која вели дека комарците бегаат од луѓе кои имаат доволна количина витамин Б во телото.

Го штити срцето
Умереното пиење на пиво ја зголемува количината на добриот холестерол и го намалува нивото на лошиот, ја разредува крвта и на тој начин ги намалува ризиците од срцев удар.

Жените треба да пиијат пиво, бидејќи делува на здравјето а секако и на расположението

Ги зајакнува коските
Жените кои пијат две чаши пиво дневно имаат поцврсти коски од оние припаднички на понежниот пол кои не уживаат во овој алкохолен пијалок. Ова е резултатот од студијата која била спроведена од страна на Националниот колеџ за невропатска медицина во американската сојузна држава Орегон, објавено во списанието „National Medicine Journal”.

Истата студија покажала дека пивото содржи значајни количини на биоразградлив силициум, кој е еден од значајните елементи од кои се изградени човечките коски.

Го подобрува имунитетот
Пивото е одличен извор на витамини и минерали како што се магнезиум, калциум и селен кои го штитат телото од сезонски болести. Покрај тоа, содржи и бројни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот на организмот.

Пивото е намирница која рамноправно се носи со другите здрави намирници со горчлив вкус како маслиновото масло, спанаќот, блитвата или руколата. Хмељот како еден од основните состојки на пивото, е богат извор на хумол – моќно антивоспалително соединение кое ги инхибира ензимите одговорни за воспалителните процеси во телото.

Пивото е одличен извор на витаминот Б и ја разубавува кожата, комплекс од рибофлавин, тиамин, ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин, фолна киселина, биотин и кобаламин, кои се задолжени за убава и затегната кожа.

Го „убива” уморот
Појавата на умор, помеѓу останатото е поврзана и со недостатокот на железо во крвта. Тоа тешко се апсорбира од храната, па затоа треба да се внесе на други начини. Темното пиво е добар извор на овој минерал, а дејството на алкохолот може позитивно да го реши и проблемот со нeсоницата. Пивото е богат извор на витамини од групата Б, посебно Б12 кој е одговорен за создавање на црвените крвни зрнца.

Ја намалува надуеноста
Истражувањата покажале дека темното пиво има повеќе хранливи материи од светлото. Во 350 мл. темно пиво има повеќе од 1 грам влакна, додека во истата количина светло пиво има помалку од 1 грам. Влакната влијаат на здравјето на дигестивниот тракт, ја намалуваат надуеноста и помагаат во регулирање на нередовната столица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...