Тој рече дека е оптимист за движењата за економијата и смета дека се остварливи проекциите за раст од 3,2 проценти.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 март, 2019 21:25

Тевдовски: „Економијата во Македонија оди во добра насока„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Извештајот на „Стандард енд пурс” е позитивен и покажува дека земјава и јавните финансии одат во добра насока, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Канал 5.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Канал 5, изјави дека после подолг период на раст во минатото, се оценува дека долгот постепено ќе се стабилизира и ќе изнесува 48,7 проценти од БДП во 2021 и 2022 година.

Тој рече дека е оптимист за движењата за економијата и смета дека се остварливи проекциите за раст од 3,2 проценти. Министерот Тевдовски за следниот период очекува и подобрување на кредитниот рејтинг на земјава. Македонија очекува дека ќе има повеќе инвестиции, а за во иднина се очекува и подобрување на кредитниот рејтинг.

Ко-автор е на два универзитетски учебника „Статистика за бизнис и економија“ и „Вовед во анализата на временските серии“ и две научни монографии. Има објавено 45 научни трудови и 8 политички анализи.

„Стандард енд пурс” за следните три години предвидува раст од три проценти, движен од домашната потрошувачка и извозот, како и подобрите движења кај инвестициите. После подолг период на раст во минатото, се оценува дека долгот постепено ќе се стабилизира, и ќе изнесува 48,7 проценти од БДП во 2021-2022 година (државниот долг и долгот на ЈПДП), соопшти Министерството за финансии.

– Очекувањата сега се дека би требало да имаме повеќе инвестиции, а во иднина да очекуваме подобрување на кредитниот рејтинг, и тоа е многу спротивно од она што се случуваше во последната декада кога кредитниот рејтинг од двете рејтинг агенции беше намалуван, рече Тевдовски.

Врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање одржливоста на јавниот долг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...